MKDNews.com

Мареј на Британија и донесе титула по 77 години (видео)

јули 07
22:14 2013

Британецот Енди Мареј е нов шампион на Вимблдон откако попладенво го победи Новак Ѓоковиќ за три часа и 10 минути игра.Енди Мареј оваа година е победник на „Вимблдон“ откако во финалето со 3-0, по сетови 6:4, 7:5 и 6:4 го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ.

1858249Велика Британија чекаше цели 77 години еден домашен тенисер да го освои најпрестижниот турнир во светот на тенисот, по Фред Пери на кого му успеа во 1936 година. Мареј денеска беше одличен во дефанзивата и знаеше како да ја искористи несигурноста на првиот сервис на Ѓоковиќ, но и многуте неизнудени грешки, вкупно 40. Британецот конечно покажа дека неговата игра напредува од година во година и ова за него е втор грен слем трофеј, по минатогодишниот на УС Опен.

-Имам играно против Новак многу пати претходни и кога ќе заврши играта, тој ќе загуби како борец. Тој го направи тоа и денес и затоа беше тешко да се дојде до победата. Знам колку многу луѓето сакаа Британец да го освои турнирот и затоа се надевам дека сите уживавте во овој меч – изјави новиот шампион на „Вимблдон“.

„Честитки до Енди, ти апсолутно ја заслужи победата, играше неверојатно“, беа првите зборови на Ѓоковиќ по поразот во финалето.

-Знам што ви значи оваа победа на сите вас во целата земја, затоа честито. Неговиот успех е уште поголем, бидејќи знам под каков притисок се наоѓаше. Ми беше чест што бев дел од ова финале – додаде Србинот, кој го освои „Вимблдон“ во 2011 година.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment