Македонските надежи во четврт-финалето
Денеска, нашата кошаркарска репрезентација во Струмица ја совлада Финска во одлучувачкиот дуел со 68:62, а со победата се пласира во четвртфиналето на Европското првенство во кошарка (18).
Натпреварот се играше во салата на СОУ “Никола Карев”, а нашите репрезентативци беа поддржани од бројните навивачи. Избраниците на Мирза Куртовиќ одиграа одлична четврта четвртина, го решија натпреварот во своја корист и заслужено се пласираа меѓу осумте најдобри на Првенството.
На полувремето Македонија водеше со 28-27, а во поголемиот дел од вториот дел беше во водство кое успеаа да го задржат до крајот за победа од три поени, доволни за влез во нокаут фазата.
Нашата репрезентација со оваа победа успешно ја мина првата фаза од Првенството, а следни наши противници се Холандија и Естонија, натпреварите ќе се играат во среда и четврток од 18:45 часот.
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
ГРУПА А
Данска – Полска 64:74
МАКЕДОНИЈА – Финска 68:62
Унгарија – слободна
ТАБЕЛА
1. ПОЛСКА 4 4 0 287:223 8
2. МАКЕДОНИЈА 4 2 2 259:250 6
3. Унгарија 4 2 2 240:282 6
4. Финска 4 1 3 233:231 5
5. Данска 4 1 3 233:266 5
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment