Македонија во Струмица загуби од Данска
Кошаркарите на Македонија го загубија вториот натпревар од репрезентацијата на Данска со два поени разлика, 56:58 (7:19, 7:13, 15:10, 27:16), кој го играа во рамките на Европското првенство во кошарка за мажи (18) – “Дивизија Б“, кој се одржува од 18-ти до 28 јули во Струмица.
Љубомир Младеновски со 14 поени и 13 скокови беше најефикасен поединец во нашиот тим, додека Андреј Магдевски постигна 16 поени со 6 скокови. Кристијан Николов додаде уште 9 поени, а во листата на стрелци се запишаа и Цветковски, Двојаковски, Милков, Мекиќ, Нацевски, Митров и Шалев. Кај Данска, најдобар беше Хансен со 14 поени и 11 скокови.
Утре нашата репрезентација се среќава со силната Полска, која според тоа што досега го покажа на Првенството, се издвојува како главен фаворит за врвот заедно со тимовите на Израел и Шведска. Групната фаза ја завршуваме со меч против Финска во понеделник. Доколку победиме на двете средби, сигурно ќе обезбедиме пласман во следната фаза, сепак, постојат шанси и доколку ја победиме само Финска во понеделник, но со доволен број на поени разлика. Тоа ќе зависи секако и од резултатите на утрешните останати натпревари во нашата група.
Утре против Полска, во 18:45, ќе бараме враќање на победничките патеки од првото коло, кога бевме подобри од Унгарија.
ГРУПА А
МАКЕДОНИЈА – Данска 56:58
Полска – Унгарија 83:48
1. Полска 2/0 (147:100)
2. Данска 1/2 (169/192)
3. Унгарија 1/2 (184:227)
4. Финаска 1/1 (116:107)
5. МАКЕДОНИЈА 1/1 (132:122)
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment