Македонија поразена од Црна Гора
Македонската кошаркарска репрезентација со пораз го почна турнирот во Кина, откако во првото коло со 77:82 загубија од селекцијата на Црна Гора. Двете селекции на овој турнир не се во најсилните состави. Утре „црвено-жолтите“ играат против домаќинот Кина (14 часот), а за в недела од 18 часот е закажан дуелот против Исланд.
Против Црна Гора, Македонија се покажа во две различни изданија. Првите десет минути им припаднаа на Црногорците, кои имаа предност од 24-17. Потоа следеа две четвртини во кои Македонија беше подобра. Вторите десет минути завршија со 22-12 во наша корист, а пред почетокот на последната четвртина „црвено-жолтите“ имаа предност од 57-53.
Сепак, концентрацијата падна во решавачката четвртина што Црна Гора ја доби со 29-20, за конечен триумф од 77:82. Во тимот на Марјан Србиновски најпрецизен беше Војдан Стојановски со 20 поени, а двоцифрен број на поени имаа и Александар Костовски со 13 и Дамјан Стојановски со 12 поени.
Во вториот меч од првото коло, Кина со 60-48 го победи Исланд.
(Извор:Македонски спорт)
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment