MKDNews.com

Mакедонија е Бугарска

јули 28
14:55 2013

Како што објави Капитал, 15тина активисти на партијата на Красимир Каракачанов и таканаречените ,,Македонски Бугари “со транспарент „Македонија е бугарска“ и националистички песни, утрово во Ќустендил, Бугарија, ја пречекале македонската делегација, предводена од премиерот Никола Груевски.

„Македонската делегација пристигна со четириесет минутно задоцнување од официјалниот старт, а премиерот Никола Груевски беше пречекан од неговиот бугарски колега Пламен Орешарски, но и од припадници на бугарската ВМРО на Красимир Каракачанов, кои со транспаренти во рацете пееја “И претходно и сега, Македонија е бугарска”. Иако собраните беа едвај петнаесетина на број, беа доволно гласни во моментот кога Орешарски и неговите министри ги пречекуваа гостите од Македонија и се правеа официјалните фотографии“ – напиша Капитал

kustendilmakebug

ФОТО: Капитал

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment