MKDNews.com

Мајка со две бебиња оставена самата на себе (видео)

јули 28
19:34 2013

Непожелна во семејството, неприфатена од институциите, 24-годишната Слаѓана Влајковиќ, со две малолетни деца, талка по улиците. На мајката викендов единствено Првата детска амбасада „Меѓаши“ и ја отвори вратата.

Слаѓана со невенчаниот сопруг живеела три и пол години во скопската населба Железара. Пред неколку месеци тој ја напуштил и заминал, а нејазината свекрва ја избркала со децата на улица. Ниту нејзиниот татко, кој бил преженет, не сакал да ја прими дома. Cлаѓана привремено се сместила кај роднини.

Татко и не сакал да ја прими дома, бидејќи не ги сакал нејзините деца и ја терал да ги даде во дом.

– Јас децата нема да ги оставам – рече Влајковиќ на денешната прес-конференција, изложувајќи ја пред јавноста својата судбина.

Таа сега привремено е сместена во првата детска амбасада Меѓаши.

За случајот на Слаѓана, од Меѓаши го известиле Народниот правобранител, а поднеле и барање за згрижување до центрите за социјална грижа, кризниот центар Надеж, студентските и средношколските домови, СОС детското село, шелтер центарите, но никој не излегол во пресрет.

Од Меѓаши апелираат, државата да поведе сметка за социјалните случаи кои се жртви на институционалната нефункционалност. Проблемот на државата со овие граѓани, според Меѓаш,и е во недостигот на социјални центри, но и процедурата за сместување.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.