Лустрирани уште десет поранешни функционери
Комисијата за верификација на фактите лустрираше десет поранешни функционери, од кои седум се поранешни вработени во тајната служба на Управата за безбедност и контраразузнавање.
Наредувале да се следат политичари кои се уште се активни во албанскиот политички блок како и граѓани под сомневање за македонски екстремизам. Меѓу лустрираните се и поранешни началници на ДБК од Тетово, Скопје и Куманово, а еден од нив беше суден за фалсификување на досиеја.
Според информациите на Канал 5 тој наредувал правење на досиеја, а неколку години подоцна им ги дал на следените политичари. Тој прво беше осуден на условна казна, но потоа апелациониот суд ја поништи пресудата затоа што судот не проверил дали досиејата кои пред три години паѓаа по дворови се оригинални или фалсификат. Од комисијата ќе проверат дали има некој од лустрираните кој се уште е вработен во тајните служби или е функционер.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment