MKDNews.com

ЛГБТИ активистите протестираат пред вратите на МВР (видео)

јули 14
17:02 2013

Членовите на ЛГБТ заедницата и Хелсиншкиот комитет во недела изразија револт од односот на надлежните институции по последните напади што се случуваат врз основа на сексуална ориентација.
Тие упатија повик до Владата и МВР да преземат мерки за пронаѓање на сторителите и да им изречат казни.

„Владата упорно молчи за овие напади, а ефектите од таквото однесување се оние од кои што стравувавме, тоа е легитимитет, охрабрување и понатамошно насилство врз ЛГБТИ заедницата. Уште еднаш денеска повикуваме Владата и Министерството да преземат брза и ефективна истрага и да ги пронајдат сторителите на овие напади. Сметам дека не смее да се случи да дојде до посериозни жртви“, вели Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншки комитет.

Тие велат дека повод за оваа реакција е второто каменување на куќата на актерот Петар Стојковиќ, кој пред неколку недели јавно ја обелодени својата сексуална ориентација.

121212121 „Бараме МВР да преземе постапки кои е должно да ги преземе имајќи ги во предвид изјавите и настапите во јавност кога е во прашање заштита од дискриминација и нејзино санкционирање. Сметаме дека Владата и сите релевантни чинители се должни веднаш да излезат и да одговорат на повиците кои дојдоа од локалните организации за човекови права, од интернационалните организации, како и од европските парламентарци. Сметаме дека е конечно редно време премиерот да излезе со јасна изјава во јавноста со која ќе упати апел и ќе покаже дека ниту оваа Влада ниту ниедна друга Влада во оваа држава не смее и нема да поддржува насилство врз ЛГБТИ популацијата “рече Димитров

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.