Куќен притвор од 30 дена за Паско Кузман
Кривичниот суд во Скопје му одреде 30-дневен притвор на директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман кој утрово беше уапсен.
Кузман се товари за злоупотреба на службената положба и овластувања. Осомничен е дека нелегално давал дозволи за ископување на археолошки локалитети.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, директорот на Управата за заштита на културното наследство Кузман е осомничен е за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Покрај Кузман, во пријавата за поттикнување опфатен е и Илче Бојчески, раководител на Одделението за превенција на културното наследство, кој веќе се наоѓа во притвор поради претходна кривична пријава за случајот „Фаланга 2“, како и инспекторот Звонимир Николовски исто така од УЗКН и Марија Пуљаз, која е советник во Управата за помагање во врска со злоупотребата.
Приведените се осомничени дека во текот на 2011 година во неколку наврати незаконски издавале патни налози и барале полициска асистенција за вршење на ископ на локалитетите Драмски рид во Делчево и на патниот правец Катланово-Велешко езеро.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment