MKDNews.com

Крводарителска акција во Општина Илинден

јули 23
15:49 2013

Општина Илинден, Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија на 24.07.2013 година (среда) во Домот на култура „Илинден“ организираат крводарителска акција.

Акцијата ќе се спроведува од 9 до 14 часот и во неа може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, кои преку дарување на драгоцената течност – крвта ќе ја покажат својата хуманост и солидарност и ќе спасат нечиј живот.

Крводарителската акција се спроведува по повод одбележувањето на Денот на Општина Илинден „Илинден“ – 2-ри Август.

daruvanje_krv1

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment