MKDNews.com

Крвави судири меѓу демонстранти и полицијата пред бугарскиот Парламент (видео)

јули 24
08:30 2013

Повеќе стотици демонстранти го блокираа синоќа влезот на бугарскиот Парламент, се судрија со полицијата, спречувајќи ги пратениците да излезат од Собранието, при што полесно се повредени осум демонстранти и двајца полицајци.
bugarija_protestiИзвикувајќи „Мафија“ и „Оставка“, противниците на Владата која ја водат социјалистите, фрлале пластични шишиња и други предмети врз добро обезбедуваниот автобус, со кој пратениците требало да заминат од Собранието, каде дебатираа за ребалансот на буџетот.
По неколку обиди да го напуштат просторот околу Парламентот, автобусот пратениците ги врати во Собранието, јави националното радио.
Полицијата спречи ескалирање на судирите, но демонстрантите и натаму го блокираа излезот од Парламентот, во кој се наоѓаа над сто пратеници, министри и новинари.
Во раните утрински часови полицијата успеа да ги извлече од зградата на Парламентот тројца министри, пратеници, претставници на синдикатите и новинари, откако околу девет часа останаа блокирани од страна на демонстрантите.
Во парламентарната зграда беа блокирани министерот за економија и енергетика Драгомир Стојнев, министерот за финансии Петар Чобанов, и министерот за труд и социјална политика Хасан Адемов.
Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев апелираше синоќа за смирување на ситуацијата и избегнување на провокации.
Демонстрантите синоќа, 40-ти ден по ред се собраа во центарот на Софија во знак на протест поради корупцијата и сиромаштијата, повикувајќи ја Владата на Пламен Орешарски предводена од социјалистите, да поднесе оставка.
Во меѓувреме, приврзаници на Владата одржаа контрапротести пред Националната палата на културата, а најавија дека на 25 јули ќе се соберат пред германската амбасада, а на 26 јули пред американската.
Бугарија доби нова Влада по предвремените избори кои се одржани на 12 мај, откако претходниот кабниет поднесе оставка по протестите против острите мерки за штедење.
Поставувањето на контроверзниот медиумски магнат Делјан Пеевски, на чело на Националната агенција за безбедност ја разгневи јавноста и доведе до протести, кои од 14 јуни досега секојдневно се организираат.
Одлуката за именување на Пеевски веднаш е поништена, но демонстрантите и натаму ја обвинуваат Владата дека е искорумпирана и бараат да поднесе оставка.


Video streaming by Ustream

(МИА)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.