Косово и Албанија потпишаа договор за воена соработка
јули 02
01:07
2013
Косово и Албанија потпишаа спогодба за воена соработка, како и за престој на припадниците на едната вооружена сила на територијата на другата, јави српскиот Телеграф повикувајќи се на косовските медиуми.
Спогодбата во Призрен ја потпишале министерот на косовските сили за безбедност Агим Чеку и министерот за одбрана на Албанија Арбен Имами..
Спогодбата ја регулира процедурата за влез и излез, како и за привремен престој и за статусот на припадниците на вооружените сили на двете држави.
– На долгогодишната соработка сега и придодаваме и еден документ кој ги регулира нашите односи уште посилно и тоа врз основа на стандардите на НАТО – изјавил Чеку.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment