MKDNews.com

Кошаркарките убедливо ја совладаа Романија

јули 07
08:12 2013

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија составена од играчи до 20 години ја постигна и втората победа на Европското првенство – Б дивизија. Во Албена денеска е совладана Романија со 72:54 (19:17; 22:12; 14:13 и 17:12).

Нашите кошаркарки ги добија сите четвртини, а водството постојано го зголемуваа и предноста од повеќе од десет поени направена во втората четвртина умешно ја зголемуваа во вториот дел.

Најдобра во македонската селекција беше Александра Стојановска која имаше „дабл-дабл“ учинок 19 поени и 13 скокови, а двоцифрен ефект имаше и Анжелика Митрашиновиќ со 17 поени и 10 скокови.

Македонија утре е слободна, а в понеделник игра против домаќинот Бугарија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment