Конечно по 40 години МРТВ се опреми со нова и модерна опрема
Македонската Радио Телевизија, конечно по 40 години доби модерна и нова опрема. Македонскиот јавен сервис се поднови со две HD репортажни возила со 12 нови HD камери, специјализирани за директни преноси од секаков вид (спортски натпревари, манифестации, фестивали итн.) опремени со најмодерна технологија и графика.
Македонската Радио Телевизија купи ХД-репортажни возила со 12 нови ХД-камери, специјализирани за директни преноси, опремени со најмодерна технологија и графика.
Според Електронскиот систем за јавни набавки, јавниот сервис за репортажните возила склучил договор од 1.180.000 евра со австриската компанија „БФЕ Студио унд Медиен Системе“.
ММРТВ претходно се поднови со ново студио (Фото: принтскрин)
ОД МРТВ велат дека со ова се зголемува техничкиот капацитет на телевизијата и претставува прва ваква инвестиција по 40 години на работење на јавниот национален сервис.
„Изминатиов период покажавме дека јавниот сервис може да има квалитетна програма. Нашите планови се големи бидејќи граѓаните на Република Македонија кои плаќаат радиодифузна такса заслужуваат да имаат квалитетен техничко опремен јавен сервис, кој има за задача прв да ги воведе македонските медиуми во дигиталната ера на 21 век, а воедно и да обезбеди високо квалитетна програма“ се вели во соопштението од менаџментот на МРТВ.
Средствата за опремата се од буџетот на МРТВ иако помал од минатата година се обезбедија услови да се опреми телевизијата а инвестицијата е дел од проектот за модернизација на јавниот сервис според најновите техничко -технолошки трендови кои овозможуваат професионално и квалитетно работење, порачуваат од јавниот сервис.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment