MKDNews.com

Ќерката на Пирс Броснан почина од рак

јули 02
22:06 2013

pierce-brosnanЌерката на Пирс Броснан почина од рак на јајниците, од истата болест од којашто пред 22 години почина и нејзината мајка на истата возраст, соопшти во понеделникот навечер актерот.

„На 28-ми јуни мојата драга ќерка Шарлот Емили се пресели во вечниот живот подлегнувајќи му на ракот на јајниците”, објави таткото Пир Броснан.

Шарлот Емили Броснан, на 42-годишна возраст, беше мајка на две деца, а неа Броснан на посвои во текот на неговиот прв брак со Касандра Харис.

– Нашите срца се скршени поради загубата на нашата прекрасна девојка. Се молиме за неа и се надеваме дека наскоро ќе се најде лек против оваа ужасна болест. Им благодариме на сите за сочувството – вели Броснан.

Шарлот и нејзиниот брат Кристофер се посвоени од Броснан во 1980 година кога се оженил за нивната мајка, австралиската глумица Касандра Херис. Таа почина во 1991 година, исто така од рак на јајчниците, а претходно четири години се борела со болеста. Пирс Броснан пред неколку месеци зборувал за својата сопруга додека бил на промоција на кампањата „Љубов е сè што ви треба“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.