Киднаперот од Кливленд заминува на доживотна робија (видео)
Ариел Кастро од американската сојузна држава Охајо, обвинет за силување и држење во заробеништво три девојки во својот дом, постигнал договор со обвинителите.
Врз основа на договорот, Кастро ќе биде осуден на доживотна робија без можност за кауција и со дополнителна казна од околу 1.000 години затвор, соопштил судијата во Кливленд.
Кастро беше уапсен во мај оваа година, откако една од жените кои што тој цела една деценија ги држел заробени, успеала да побегне од куќата во Кливленд и да повика помош.
„Никогаш нема да излезеш, јасно ли ти е тоа?“, изјавил судијата, на што Кастро само дал потврден одговор. Според условите од договорот за признавање на вината, имотот на Кастро и сите останати средства ќе му бидат одземени.
Во согласност со договорот, Кастро сега е заштитен од понатамошни обвиненија и од барањето за пресуда на смртна казна. Монструмот од Кливленд во периодот од 2002 до 2013 година заробени ги држел Мишел Кнајт, Аманда Бери и Џина ДеХесус, притоа злоставувајќи ги психички и физички, а со едната од нив тој има и шестгодишна ќерка.
Според собраните информации, монструмот неколку пати предизвикал останатите девојки да ги загубат плодовите кои што биле резултат на неговите сексуални злоставувања над нив, во подрумот од неговата куќа.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment