Кејт Мидлтон роди син
јули 22
22:46
2013
Војвотката Кејт роди син
❌
Долгоочекуваното кралско бебе на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се роди во приватното крило на болницата St. Mary во Лондон.
Бебето се роди во 16:24 часот по локално, лондонско време. Војвотката била примена во болница во 6 часот наутро.
Детето е трето во редот за наследство на тронот, веднаш зад принцот Чарлс и принцот Вилијам. Заради неговото раѓање, принцот Хари сега е четврт по ред.
Пред раѓањето, Вилијам и Кејт, кои се венчаа во 2011-та година изјавија дека не го знаат полот на бебето.
Детето на Вилијам и Кејт е третиот правнук на Кралицата и принцот Филип. Кралицата прва ја дознала веста во Бакингемската палата.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment