MKDNews.com

Ја преживеала авионската несреќа во Сан Франциско ,за одма да биде прегазена од противпожарно возило

јули 12
21:35 2013

Шефот на полицијата на Сан Франциско, Грег Сур денеска потврди дека една од жртвите во авионската несреќа на јужнокорејскиот авион Боинг 777, била прегазена од возило на противпожарната служба.

Полицијата посочи дека продолжува истрагата околу загинувањето на државканката на Кина, една од двете жртви во авионската несреќа. Конечниот одговор за причината на смртта ќе го даде патологот.

Можно е несреќата да се случила поради тоа што пистата била прекриена со пена и возачот на противпожарното возило да не забележал дека на земја лежи човек.

Во авионот, што во саботата се урна при слетувањето на аеродромот во Сан Франциско, имало 307 луѓе. Две девојки загинаа, а 182 се повредени.

Остатоците од авионот денеска се отстранети од пистата и се очекува аеродромот в недела да почне да работи.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.