Изгубени две момчиња во охридското езеро
јули 31
23:53
2013
Речиси два часа се пребарува езерото се и се трага по двете изгубени момчиња што пловеле со гумен чамец
Како што пренесува Република, момчињата се од Скопје и се на возраст од околу 20 години. Езерската патрола го пребарува езерото, со три брода, два од нашата страна и еден од албанската страна на езерото.
Иако езерото е мирно без бранови, како што дознава „Република“, езерската патрола сеуште ги бара. Пуштени во потрага се два наши брода и еден од албанската страна на езерото. Тие биле сместени во кампот Елешец, а нивниот чамец не е моторен, туку го управувале само со весла.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment