MKDNews.com

Иванов со честитка за правнукот на кралицата Елизабета

јули 24
17:34 2013

Претседателот на Република Mакедонија, Ѓорге Иванов, упати писмо со честитка до британската кралица Елизабета II, по повод раѓањето на синот на нејзниот внук, војводата од Кембриџ.
„Ми претставува голема чест и особено задоволство, по повод раѓањето на првото дете на војводата и на војвотката од Кембриџ, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најискрени честитки и најтопли желби за среќа и просперитет. Ве молам, пренесете ги моите срдечни честитки до војводата и до војвотката од Кембриџ. Уверен дека новороденчето е вистински благослов за кралското семејство и за Вашата голема нација, убеден сум дека Вашиот правнук ќе ја обезбеди иднината на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, и дека ќе продолжи по стапките на мудрото и посветено владеење“, се вели со писмото од Иванов.
Иванов, како што се наведува во писмото, ја користи оваа свечена пригода за да го поздрави постојаниот подем во развојот на традиционално добрите односи и соработката меѓу двете пријателски држави.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment