MKDNews.com

Иванов: Илинденскиот марш е предизвик, но и привилегија и чест

јули 27
21:34 2013

Коњаниците на 35. Илинденски марш вечерва тргнаа кон Крушево каде што треба да пристигнат на 2 август кога ќе се одржи централната манифестација по повод 110-годишнината од Илинденското востание.

Дваесет и петте коњаници беа испратени од дворот на црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче каде добија благослов од претставници на Македонската православна црква.

На испраќањето присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.

Посакувајќи им успешно и безбедно пристигнување до Крушево, претседателот Иванов истакна дека преку коњаничкиот марш се одржува жив споменот на илинденските востаници и на нивната борба за слободна и независна Република Македонија.

– Учеството на „Илинденскиот коњанички марш“ е предизвик, но и привилегија и чест. Секоја година има сè повеќе и повеќе пријавени кандидати за учесници и сè повеќе и повеќе пријатели и поддржувачи на манифестацијата. „Илинденскиот коњанички марш“ е култен настан кој секоја година се подготвува и се реализира со душа и срце. Но, ова не е марш и манифестација само за спомен на минатото, тоа е и влог во сегашноста и залог за иднината. Македонските граѓани, овде во Лисиче, во Крушево, и во секое друго македонско село или град, никогаш нема да ја заборават жртвата на илинденците и нема да дозволат никој да ја доведе во прашање македонската државност, нагласи Иванов.

Македонската коњаница годинава е предводена од Јохан Тарчуловски, а традиционално е придружувана од фалангата составена од 20-тина членови.

Коњаницата својот поход кон Крушево го почна од дворот на општина Аеродром каде градоначалникот Ивица Коневски им го предаде општинското знаме.

Коњаниците од Илинденскиот марш тргнaа кон Крушево

konj-zailindenКоњаниците на 35. Илинденски марш вечерва тргнаа кон Крушево каде што треба да пристигнат на 2 август кога ќе се одржи централната манифестација по повод 110-годишнината од Илинденското востание.

Дваесет и петте коњаници беа испратени од дворот на црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче каде добија благослов од претставници на Македонската православна црква.

На испраќањето присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.

Посакувајќи им успешно и безбедно пристигнување до Крушево, претседателот Иванов истакна дека преку коњаничкиот марш се одржува жив споменот на илинденските востаници и на нивната борба за слободна и независна Република Македонија.

– Учеството на „Илинденскиот коњанички марш“ е предизвик, но и привилегија и чест. Секоја година има сè повеќе и повеќе пријавени кандидати за учесници и сè повеќе и повеќе пријатели и поддржувачи на манифестацијата. „Илинденскиот коњанички марш“ е култен настан кој секоја година се подготвува и се реализира со душа и срце. Но, ова не е марш и манифестација само за спомен на минатото, тоа е и влог во сегашноста и залог за иднината. Македонските граѓани, овде во Лисиче, во Крушево, и во секое друго македонско село или град, никогаш нема да ја заборават жртвата на илинденците и нема да дозволат никој да ја доведе во прашање македонската државност, нагласи Иванов.

Македонската коњаница годинава е предводена од Јохан Тарчуловски, а традиционално е придружувана од фалангата составена од 20-тина членови.

Коњаницата својот поход кон Крушево го почна од дворот на општина Аеродром каде градоначалникот Ивица Коневски им го предаде општинското знаме.

(Миа)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.