Италијански полицаец застрела градоначалничка поради суспензија од работа
Италијански сообраќаец е обвинет дека ги застрелал и тешко ги рaнил градоначалничката на гратчето Кардано ал Кампо и нејзиниот заменик, кои презеле дисциплински мерки против него.
Како што јави ДПА, општината Кардано ал Кампо, која се наоѓа во близината на Милано, на северот на Италија, каде што живеат 14.000 граѓани, презела дисциплински мерки против 60-годишниот, кој бил осуден за измама и за злоупотреба.
Полицаецот Џузепе Даниеле Пегораро, револтиран од таквата одлука на локалните власти, вооружен упаднал во општинската зграда и ги застрелал 49-годишната градоначалничка Лаура Прати и нејзиниот 76-годишен заменик. Тие веднаш биле пренесени во болница. Здравствената состојба им е тешка, но се надвор од животна опасност.
„Ги израмнив сметки“, рекол Пегораро по пукањето, пренесуваат медиумите.
Според италијанските медиуми, полицаецот пукал од автоматско оружје, а имал и сачмарка и ловечка пушка.
Сообраќаецот не се предал лесно, туку фрлал гасни бомби и пукал кон вработените додека се обидувал да избега. Пукал и врз полициските автомобили што го бркале сè додека не го застанале. Откако е приведен, во неговиот автомобил се пронајдени пиштол и ловџиска пушка, како и големо количество муниција.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment