MKDNews.com

Истепан руски турист кај Канео во Охрид

јули 26
16:04 2013

Неколкумина засeга непознати напаѓачи кај Канео во Охрид нападнале и претепале руски турист. Според полицијата, инцидентот се случил во четвртокот околу 4 часот наутрото .

Додека осумнаесетгодишниот Русин од Москва се движел по патеката, напаѓачите му се доближиле и почнале да го удираат со клоци и тупаници, по што побегнале. Натепаниот турист веднаш бил префрел во охридската болница каде му е укажана лекарска помош. Полицијата ги утврдува причините за тепачка кај населбата Канео Охрид и трага по напаѓачите.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.