Истанбулскиот парк Гези ќе биде повторно отворен
Паркот ќе се запамети со тоа дека токму таму почнаа немирите кои ја зафатија Турција во изминатиот месец. Локалните власти предупредуваат дека идни протести нема да бидат толерирани,
“Сакаме да го отвориме повторно парк Гези најдоцна во неделата или понеделник , па луѓето да можат да го користат”, рече гувернерот на Истанбул Хусеин Авни и истакна дека “парковите не се за протести”.
“Тие треба да се користат како мирно место од сите луѓе”, посочи Хусеин.
На 31 мај насилното излегување на мирен протест за спасувањето на 600 дрвја во паркот предизвика национални протести против турскиот премиер Ердоган и неговата влада.
Демонстрантите го зазедоа малиот парк, пред да бидат протерани од полицијата на 15 јуни. Оттогаш паркот е затворен. Турски суд го поништи одлуката на Владата за обнова на паркот.
Во Турција повторно имаше судири и протести. Полицијата употреби водени топови за да ги растера стотици демонстранти кои се обидоа да го окупираат повторно паркот Гези. Најмалку еден демонстрант е ранет, неколку беа уапсени.
Од почетокот на репресиите на полицијата во Турција четири лица беа убиени, а над 7500 повредени.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment