Инспиративен говор, „едно дете, еден наставник, еден молив и една книга може да го променат светот“ (видео)
Малала Јузафсаи, пакистанската тинејџерка која беше застрелана во главата од страна на Талибанците додека учествувала во кампања за образование за девојчињата, беше поздравена со овации од страна на Младинското собрание на ОН во Њујорк.
„Драги пријатели, на 9-ти октомври во 2012, Талибанеците ме застрелаа од левата страна на челото. Тие ги застрелаа и моите пријатели. Мислеа дека куршумите ќе нé замолчат, но не успеаја.“
Нејзиното прво јавно обраќање по несреќата се совпадна со нејзиниот 16-ти роденден.
„Терористите мислеа дека ќе ги променат моите цели и ќе ги сопрат моите амбиции, но ништо не се промени во животот освен ова – слабоста, стравот и безнадежноста умреа, а силата, моќта и храброста се родија.“
Малала беше пречекана на сцената додека нејзините мајка, татко и други членови на семејството гледаа а публиката стана за да аплаудира. Нејзината порака до светските лидери беше дека тие треба да овозможат бесплатно, задолжително образование за сите деца во светот.
Таа изјави и дека сите договори за мир мора да ги заштитуваат правата на жените и децата. „Договор кој не одговара со правата на жените не е прифатлив.“
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=B5X70VyjU0g#at=52
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment