Индонезиски локал со нацистички обележја го шокира светот (фото)
Индонезиските власти веројатно ќе побараат од сопственикот на едно кафуле да го измени ентериерот на локалот со назив „Soldatenkaffee”, на чиишто ѕидови има нацистички симболи, меѓу другото и големо знаме со свастика и фотографија на германскиот нацистички водач Адолф Хитлер.
Сопственикот на „Soldatenkaffee” цел еден ѕид посветил на знаци и симболи и на периодот на нацизмот.
Кафулето се наоѓа во градот Бандунг, еден од индонезиските туристички центри, а е отворен во април 2011 година, меѓутоа дури од неодамна по написот во локален весник на англиски јазик, предизвика гневни реакции на некои странски туристи и Индонезијци.
Профилот на Facebook на кафулето содржи фотографии на вооружени Индонезијци во германски униформи од Втората светска војна.
Сопственикот Хенри Хулиан во одговорот до властите напомнал дека целта не му била да предизвика омраза, туку да привлече клиенти, и странски и домашни. „Јас сум деловен човек, не сум политичар. Имам право да го декорирам својот локал со што и да е што ќе ги привлекува луѓето. Сигурен сум дека не кршам никакви закони”, изјавил сопственикот.
Сепак, бил принуден привремено да го затвори локалот, а досега не се изјаснил да ќе го промени ентериерот, доколку властите и официјално го побараат тоа од него.
[print_gllr id=11629]
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment