MKDNews.com

Има 3 години и сеуште не знае да зборува, а веќе продава свои уметнички слики (видео)

јули 02
16:22 2013

Тригодишната Ирис Грејс Хелмшо обожава вода, дрва, ветар и танц. Иако уште не зборува поради аутизам, малечкото талентирано девојче одлично се изразува преку своите прекрасни слики кои заинтересираните купувачи можат да ги купат за неколку стотици долари.

mome-umetnikАутизмот на малата ѝ беше дијагностициран во 2011 година, поради што има потешкотии со комуницирањето со луѓето. Нејзината терапија вклучува и сликање кое малата Ирис брзо го засака, а на некои свои уметнички слики работи и по неколку часа.

„Аутизмот во нејзиниот случај создаде стил на сликање кој никогаш не сум го видела кај деца на нејзина возраст“, вели нејзината мака Арабела Картер-Џонсон и додаде: „Ги разбира боите и нивната меѓусебна интеракција. Пресреќна е кога ќе ги извадиме боите и тоа секогаш ја расположува.“

Но, и нејзините родители се изнендија кога наидоа на позитивни реакции на нејзините уметнички дела.

„Кога започна со терапијата бевме воодушевени од нејзините дела, но ние сме нејзини родители и нормално е да веруваме дека сé што таа направила е фантастично. Но, многумина објективно се подеднакво воодушевени“, изјави нејзиниот татко Питер-Џон, кој нејзините творби ги објави на страница на која успешно ги продава на заинтересираните купувачи.

Родителите на малата талентирана уметница моментално бараат спонзори со цел да организираат изложба на Ирис во ноември, оваа година, а планираат да организираат и аукција. Заработените средства ќе се наменат за нејзината терапија.
02.07.iris_3

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment