MKDNews.com

И официјално потврдено: Уапсен е Гоце Симоновски

јули 31
15:54 2013

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ насилство“ Секторот за внатрешни работи Охрид, против Г.С.(49) од Охрид раководител на сектор за јавни дејности во Охридската локална самоуправа поднесе кривична пријава.
На 29-ти овој месец, во 15 часот и 20 минути, пријавениот започнал вербална расправија со секретарот во локалната самоуправа упатувајќи му повеќе груби навредливи како и следниве заканителни зборови: „ќе видиш што ќе ти направам, ќе ти се осветам тебе и на твоето семејство, ако не успеам јас ќе оставам аманет да ти се осветат“.

Во еден момент пријавениот се обидел и физички да го нападне секретарот во локалната самоуправа замавнувајќи со рака кон него со што извршил загрозување на неговата сигурност и предизвикал чувство на страв и несигурност. Во намерата не успеал бидејќи оштетениот се оттргнал и го избегнал обидот за физички напад.

Настанот се случил во една од канцелариите во локалната самоуправа каде се вршело интервју и оценување на работењето на државните службеници што е во согласност со законот за државни службеници и правилникот за начинот на оценување на државните службеници. Пријавениот Г.С. револтиран од негативната оцена добиена од неговиот сегашен претпоставен што била идентична со негативната оцена добиена и од претходниот секретар во локалната, манифестирал агресивно однесување и на висок тон започнал вербална расправија.
Во таква ситуација во канцеларијата каде покрај секретарот присутен бил уште еден претставник од секторот за правни и кадровски работи, пријавениот Г.С. ги упатил заканителните и навредливи зборови по што следувал и обидот за физички напад.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment