MKDNews.com

И фризерката била жртва на измамата со станови

јули 18
00:55 2013

Фризерката Благица Дончевска која беше приведена заради измама со станови на триесетина граѓани, во судот тврдеше дека и таа била жртва на малверзации со пордажба на станови наменети за млади брачни парови, социјални случаи и лица со посебни потреби. Нејзин близок роднина, како што рече, и` ветил дека преку наводна владина програма може да купи три стана за само 35.000 евра. Потоа прогрмата таа ја понудала на други нејзини познаници, тие на нивни роднини и пријатели и според неа така почнала да се развива пирамидата за продажба на станови. Дел од оштетените, како што рече , барале одредена провизија за посредување при продажба на станови.

Но, на прашање на судот, таа одговори дека не знаела дали тие станови воопшто постојат, ниту пак видела некаква документациај за нив. И оштетените не виделе како изгледаат становите, а сепак уплаќале пари на сметката на таткото на обвинетата, кој е во домашен притвор. Му верувала на роднината кој ја намамил да ги нуди становите и кој ја убедувал дека зад целата работи стои лице кое работи како инспектор.

За адвокатите на оштетените најважно е да се вратат уплатените пари.

– Одбраната влегува во детали кои мислам дека понатаму ќе имаат влијание врз одбраната и врз обвинеието, но за нас како застапници на оштетените лица, најбитно е да постои имот за да може да се наплати, вели адвокатката Тања Алтанџиева.

Но, адвокатите немаат објаснување како оштетните се согласиле да купуваат станови без документи.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.