MKDNews.com

Груевски: Немаме со кого да се договараме за името (видео)

јули 25
18:34 2013

Премиерот Никола Груевски денеска одговарајќи на пратеничкко прашање во Собранието го повтори ставот во однос на прашањето за разликите за името со Грција и посочи дека во моментов е проблем да се седне и вистински да се разговара со грчката страна.
– Главниот проблем во овој момент е што и ние и самиот медијатор има проблем да се разговара и тоа е лесно видливо. Така што главниот проблем е воопшто да се воспостави дијалог за ова прашање, рече премиерот Груевски во рамки на денешната собраниска седница на која пратениците поставуваат прашање до членовите на Владата.

Тој додаде дека кога има можност за разговари со другата страна, што е навистина реткост, тогаш македонската страна се држи на она со што излегла во јавноста со програма, со обврски ветување и оти на тоа опстојува.
– Нашиот став е дека сакаме да се надмине овој проблем и дека тој е напишан во нашата програма за изборите.  ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со какво било решение кое ќе предвиди и промена на Уставот, со цел промена на уставното име, решение кое зафаќа во идентитетот на македонскиот народ, јазикот и нацијата и дека нема да се дозволи какво било решение да се донесе без претходно организирање голем референдум на кој сите граѓани ќе го дадат своето мислење, истакна Груевски, додавајќи дека секогаш кога има можност да се разговара секогаш е во согласност со она што е искажано во програмите со кои излегле пред народот.
За последните идеи изнесени од медијаторот Метју Нимиц, а кои ги пласираше во јавноста коалицискиот партнер, премиерот истакна дека медијаторот повремено дава некои идеи за начините како да се надминат разликите со името и оти оној момент кога ќе почувствуваат дека некои од нив треба да се споделат со јавноста тоа ќе го направат, но кога ќе се почувствуваат дека тоа ќе му наштети на процесот тоа нема да го прават.
– Се она што правиме е во интерес на Република Македонија, во итнерес на граѓаните и во тој правец се однесуваме мошне внимателно и со длабока доза на анализа за секој чекор што треба да се направи, истакна премиерот Никола Груевски.
http://www.youtube.com/watch?v=wXSWeiaL5bc&feature=em-uploademail

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment