MKDNews.com

Груевски до дијаспората: Чувајте и негувајте ја врската со Македонија

јули 28
00:51 2013

И понатаму продолжете да работите на она што е најважно, а тоа е зачувување на врските со Македонија, на зачувувањето и промовирањето на нашиот национален и културен идентитет. Бидете заедно и бидете обединети, чувајте ја традиција, чувајте го јазикот, чувајте ги македонските песни и фолклор, пренесувајте ги обичаите на помладите. И не ја заборавајте Македонија.

Ова, на македонските иселеници им го порача премиерот Никола Груевски, на затворањето на Четвртата Годишна конференција на Обединетата македонска дијаспора.

-За мене нема разлика помеѓу Македонецот кој живее во Македонија и Македонецот кој живее надвор од Македонија, сите заедно мораме да работиме за да успееме. Затоа јас како премиер и целата Влада која ја предводам сме силно фокусирани и спроведуваме активности кои и овозможуваат повеќе права на дојаспората, истакна Груевски.

Како значаен сегмент за подигнување на правата на Македонците од дијаспората, премиерот го издвои правото на глас кое оваа Влада го овозможи како конкретна придобивка за иселениците.

-Дијаспората сега има можност да ги артикулира своите идеи во институционална форма и тоа го поттикнува активизмот и дава поголема мотивација за вклучување во процесите и во носење на одлуките во матичната земја. И покрај острите напади кои ги имавме, кога го дававме ова право , сметам дека од непроценливо значење е оваа придобивка и како политичар силно верувам во нејзината исправност, додаде Груевски.

meto-grujoНа гала вечерта на која му беше доделена награда, Груевски истакна дека македонските иселеници имаат право да знаат, но и обврска да бидат вклучени во процесите што се случуваат внатре во Македонија.

– Република Македонија денеска е самостојна и демократска држава и таа не е само држава на граѓаните кои живеат во неа, туку матична држава и на Македонците од целиот свет. Сите заедно мораме да работиме за да успееме. Затоа како премиер и Влада сме силно фокусирани и воведуваме активности кои и овозможуваат на дијаспората повеќе работи, рече Груевски.

Потсети дека сегашната влада е првата која ангажирала над 30 луѓе од дијаспората на значајни функции како во редовите на Владата, така и како амбасадори, економски промотори…..

– Со тоа не само што покажуваме дека како Влада се трудиме да ги ангажираме врвните кадри на најважни позиции, туку и јасно укажуваме дека независно кој каде живее, сите сме исто, сите сме Македонци каде и да сме. Овие луѓе не се ангажирани само затоа што се од дијаспората. Поголем дел од нив немаат никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ и со партискиот живот во Македонија. Тие беа ангажирани пред се заради нивната способност, капацитет, знаење, искуство, амбиција и желба да и помогнат на Македонија што во минатото не се ценеше и не се користеше. Ова е вистинското поврзување на матицата со дијаспората. Заедно сплотени со иста цел за подобра и поуспешна Македонија, потенцира Груевски.

Нагласи дека Владата останува посветена на евроинтегративните процеси и оти нуди конкретни иницијативи за решавање на прашањето со името со јужниот сосед.

-Членството во Европската унија и полноправното членство во НАТО е нешто што го посакуваме пред се поради бенефитот на граѓаните. Македонскиот напредок е забележан од сите меѓународни институции. Остануваме посветени на нашите европски и евроатлански интеграции, нудиме конкретни иницијативи и чекори да го решиме отвореното прашање со јужниот сосед кое е единствена наша препрека да овозможиме дијалог и решение за кое задолжително ќе решаваме на референдум, рече Груевски.

Според него, на Македонија двапати и се случила неправда во Букурешт, но тоа не треба да обесхрабрува и демотивира.

Напротив, смета премиерот, во услови на неправда треба дополнително да се мобилизираме за двојно да ги зголемиме нашите напори. – Да се однесуваме посветено, одговорно, да донесуваме мудри одлуки и да работиме, порача Груевски.

Осврнувајќи се на случувањата во државата, Груевски оцени дека има структури кои забораваат на државните и националните интереси, а патриотизмот го сметаат за ретрограден.

– Има луѓе кои се противат на создавањето и градењето на објекти и одбележувањето на македонските херои, на изградбата на училишта и болници и повеќе сакаат да рушат, претставувајќи го рушењето, а не градењето како основна политичка платформа. За сите оние кои критикуваат би им порачал дека ова што го работиме, го правиме затоа што имаме поддршка од народот, од мнозинството граѓани и таа ни е најважна. Народот седум пати по ред ни ја даде таа поддршка и истовремено најдобро ги демантира сите овие неосновани критики. Ние секогаш сме подготвени да ја побарале подрршката и доверата од народот за одбрана на нашите политики и позиции во услови кога се работи за вистинските правци и определби од државно значење, потенцираше премиерот Груевски.

omd-grujo-meto-i

На гала вечерта, наградата за животно дело му беше врачена и на Атанас Коларовски на неговиот ангажман околу промоцијата на македонскиот фолклор

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.