Груевски бара од Самарас интензивирање на разговорите
Премиерот Груевски од својот грчки колега Самарас во писмо упатено до Атина минатата недела бара создавање тимови преводени од нив лично, во кои веројатно би биле вклучени и министрите за надворешни работи на двете земји, а кои во интензивни разговори заедно со медијаторот Метју Нимиц би барале решение за спорот со името
Kако што пишува „Дневник“, минатата недела премиерот Никола Груевски му упатил писмо на премиерот на Република Грција, Андонис Самарас, во кое од својот колега бара да го надминат застојот во разговорите за името. Двете земји имаат одлични економски и меѓучовечки односи, напишал Груевски, и Македонија е цврсто решена тие односи да ги негува и да ги унапредува вклучувајќи го тука и остварувањето заеднички проекти. За сето тоа да се унапреди, потребно е да се надминат и разликите што ги оптоваруваат односите меѓу двете држави.
Република Македонија ја цени заложбата на Грција од 2003 година целиот Балкан да стане дел од ЕУ, а во таа смисла и денес сака нашиот јужен сосед не само да го поддржи отпочувањето на пристапните преговори со ЕУ туку и да биде партнер во тие преговори. Пречка за тоа, како што истакнал Груевски, е спорот за името каде што Грција ја има силата на член на ЕУ и на НАТО, а Македонија силата на меѓународното право. Спорот треба да се надмине, а од него полза би имале и двете држави.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment