MKDNews.com

Грците оштетуваат само македонски регистарски табилички

јули 28
00:01 2013

Граничната полиција на 24 и 25-ти овој месец регистрираше два нови случаи на кражби на македонски регистарски табилички од возила кои биле на летување во соседна Грција, во летувалиштето Ханиоти,пренесе МИА

Како што соопшти Министерството за внатрешни рботи станува збор за таблички од кумановско и струмичко возило.

– Практично, појавата на кражби или оштетувања на македонски регистарски таблички во Грција што зачести со почетокот на туристичката сезона продолжува. Во изминатиот период заклучно со овие два случаи вкупно од страна на нашата гранична полиција евидентирани се 27 одземања на регистарски таблички од кои повеќето се украдени пред се во Ханиоти (12) и Неа Пори (5). На 18 возила им се украдени и двете регистарски таблички, а на останатите девет по една, стои во соопштението.

Од МВР наведуваат дека од вкупниот број случаи -18 се пријавени од страна на наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.

Покрај ова регистрирани се и четири случаи на оштетувања на возила односно на задната табличка на возилото, при што со црн спреј била избришана ознаката „МК“ и во некои случаи било напишано „ГР“.

Петнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од другите градови

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.