MKDNews.com

Грција му ја спуштија рампата и на Темелко

јули 26
18:56 2013

Едмон Темелко, градоначалникот на општина Пустец во Албанија, денеска не успеа да влезе во Грција за да учествува на средба на која требало да се разговара за проект поддржан од Европската Унија.Тој околу 14 часот без никакво образложение од страна на грчките цариници кои му рекле дека едноставно не може да влезе во земјата.

„Ова е чиста дискриминација. Не успеав да влезам, а таму требаше да се сретнам со градоначалникот на Преспа во Грција. Кога ќе се вратам во Албанија случајот ќе го пријавам во Комисијата за заштите од дискриминација, и ќе направам се мојата држава да ги извести сите меѓународни организации“, изјавил Темелко.

Инаку, тој во Грција требаше да има работни задачи како дел од проект на Европската Унија, а кој се однесувал на меѓугранична соработка.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.