MKDNews.com

Грчкиот пратеник повторно провоцира: Секогаш ќе ги викам Циганоскопјани

јули 07
17:56 2013

Говорејќи за ниско тиражниот и екстремно националистички весник Стохос, Илијас Панајотарос, вели дека актуелната грчка влада нема да се осмели да го реши прашањето за името.
-Секогаш ќе ги викам Циганоскопјани, актуелната грчка влада нема законско право да го реши прашањето за името, а само националистичка, еднопартиска влада може повторно да ја направи силна земјата – пратеникот од неонацистичката партија, Илијас Панајотарос, преку интервју потврдува дека навредливата именка која ја слушнавме во парламентот веќе е дел од неговиот речник и нема намера да ја исфрли од употреба, а ги отвора картите и во однос на прашањето за името.

Канал 5 посочува дека Илијас Панајотарос говорејќи за ниско тиражниот и екстремно националистички ориентиран весник Стохос, изјавил дека актуелната грчка влада, е свесна дека има низок рејтинг и нема да се осмели да го реши прашањето за името.

-Најпрво не се легитимни да го сторат тоа. Владата што ја имаме, тоа е лажна влада со мал процент во грчкиот народ. Види ги процентите од најдобрите анкети. Неа димократија 24% и ПАСОК 4%, што значи 28%. Од кога 28% се легитимни да отстапуваат имиња за останатите 72%? Во 1992та Златна зора објави постер со сонцето од Кутлеш и со слоганот „Никаков компромис за нашата Македонија“ Од тогаш до сега сме со непроменети позиции, Дали со 7%,дали со 17% или со 27% или да остане сам еден златнозорец, за името на Македонија не се преговара – вели Панајотарос во одговорот на прашањето какви се изгледите по разговорите меѓу Иванов и Папуљас во Загреб, и по последните случувања, дека постои можност за решение.

Новинарот, кој судејќи и според ориентацијата на весникот, но и според одговорите на Панајотарос, е поддржувач на Златна зора, му вели на пратеникот од неонацистичката партија: „Ти се восхитував а ти се восхитуваше и пола Грција кога го виде видеото на интернет како го средуваш шоферот на цигано-скопски камион кој има знак на непријателската пропаганда.“ при тоа прашувајќи го што би требало да направат властите

На што Панајотарос одоговара:

„Треба да ги отстрануваат и да ги враќаат назад камионите што ја имаат оваа срамна ознака и ознака на пораз на грчката надворешна политика. Македонија е една и е грчка и за ова име, за нејзините деривати, како и за сите локални или други определувања кои го вклучуваат името Македонија не се преговара! Но, кој ќе даде наредби за ова? Досегашниот министер Аврамопулос? Или можеби Венизелос? Само националистичка, еднопартиска влада може да ја направи нашата држава силна.“

Пратеникот од Златна зора преку весникот најавува дека и оваа години на 21 јули планираат да одржат протест на македонско грчката граница кај лерин, нешто што го започнале во 2008та по ветото во Букурешт.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.