MKDNews.com

Говорот на Иванов e „личен напад“ кон Самарас

јули 20
17:43 2013

grcki.mediuniИзјавата на претседателот Ѓорге Иванов е „личен напад“ кон премиерот Андонис Самарас, коментираат грчките медиуми по вчерашната изјава на Иванов дека „Македонија не може да очекува ништо друго од човекот кој пред две децении го создаде проблемот и сега сака да го избегне неговото решавање“. Всушност, тоа беше реакцијата на Иванов на одговорот на Самарас на писмото од Груевски.

Некои информативни сајтови одат и подалеку коментирајќи дека изјавата на Иванов била „дрска“ и „многу остра“. Грчките новинари кои се занимаваат со спорот за името, вчера преку своите медиуми изразија незадоволство поради тоа што „провладините медиуми во Македонија го обвиниле Самарас за ароганција, затоа што ги одби предлозите на премиерот Груевски…“

Во меѓувреме, пратеници во грчкиот Парламент Македонците ги нарекуваат „циганоскопјани“ без никаква осуда од властите. Медиумите потсетуваат на изјавата на некогашниот премиер Мицотакис од пред две децении – „кој ќе се сеќава на Македонија за десет години“, пишуваат дека грчките иселеници во Битола при посетата на Хераклеа „посетиле дел од грчкото наследство“ и секојдневно ја обвинуваат Македонија дека „ја краде историјата“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment