MKDNews.com

Го победи Ѓоковиќ и заработи 75 милиони долари

јули 19
17:13 2013

Победата над Новак Ѓоковиќ на “Вимблдон” на Енди Мареј ќе му донесе заработка од 75 милиони долари.
Британецот ја испиша историјата и преку ноќ стана најекспонираната јавна фаца на Островот. За момент медиумите престанаа да пишуваат за нероденото дете во кралското семејство и сите погледи беа свртени кон тенисерот кој полека се приближува до првата позиција на АТП листата.
Благодарејќи на триумфот на “Ол Ингланд Клубот”, Шкотскиот тенисер само на основа на спонзорства ќе заработи над 75 милиони долари. Компании како “Жилет”, “Кока Кола” и “Барбери”, веќе се во финална фаза на договарање на условите со новиот тениски суперстар.
Исто така и “Адидас” најави дека ќе има значително зголемување на спонзорството сакајќи да ги надминат договорите кои Рожер Федерер и Рафаел Надал ги имаат со “Најк”.
Во минатите години единствени британски спортисти на листата на најбогати беа Луис Хамилтон и голферот Рори Мекилрој, но со растот на кариерата сигурно во наредните години ќе им се приклучи и Енди Мареј.
Понуди од спонзори доаѓаат секојдневно, па затоа Шкотот соработува со советниците кои водат грижа и за финансиите на Дејвид Бекам.
“Како и секој успешен спортист, и јас сум платен повеќе отколку што треба. Кариерите на тенисерите траат кратко и затоа ќе се обидам да заработам што е можно повеќе”, изјави Мареј.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.