Ѓоковиќ по вторпат финалист на Вимблдон
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ в недела ќе го игра своето второ финале на Грен Слем „Вимблдон“ откако предмалку, по голема борба, го победи Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) со 3-2 во сетови.
Во првиот сет Ѓоковиќ го доби 12.от гем кога и направи брејк на сервис на противникот и го доби сетот со 7:5. Во следниот сет при 3:2 во гемови за Србинот, тој не искористи четири брејк топки, а потоа Дел Потро направи брејк во следниот гем за водство од 4:3 и го доби сетот со 6:4.
Аргентинскиот тенисер во третиот сет спаси три сет топки при 6:5 за Ѓоковиќ, но Ѓоковиќ беше поуспешен во тај-брекот кој заврши со 7:2 во негова корист за водство од 2-1 во сетови.
И во четвртиот сет решаваше тај-брекот. Дел Потро спаси две меч топки, а потоа го доби тај брекот со 8:6.
Во решавачкиот петти сет Ѓоковиќ направи брејк во осмиот гем и поведе со 5:3, за потоа да го искористи и својот сервис за конечна победа.
На централниот терен на „Вимблдон“ веќе се подготвуваат Британецот Енди Мареј и Полјакот Јиржи Јанович кои ќе го играат второто полуфинале.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment