MKDNews.com

Ѓоковиќ избега на село за да вози трактор (фото)

јули 14
03:49 2013

Најдобриот светски тенисер во петокот допатува во Србија, а веќе следниот ден се дистанцира од белградскиот метеж. Новак Ѓоковиќ, верувале или не, отишол во село за да вози трактор.

На својот профил на „Фејсбук“ Ноле поставил колаж од три фотографии на кои седи во трактор додека постар човек му објаснува како се управува со возилото без кое не може да се замисли животот на село.

– Љубезниот локален жител ми објаснува како да управувам со трактор, кој не сум го користел од детството. Навистина уживав и успеав да се потсетам на убавите моменти од растењето во село и на планина – напиша Новак на „Фејсбук“.

nole-traktor-srb-04
nole-fejsbuk

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.