MKDNews.com

Ги отворила очите додека докторите се подготвувале да и’ ги вадат органите

јули 10
06:58 2013

Докторите во болницата „Сент Џозеф“ во централниот дел на Њујорк биле во процедура на вадење на органите на мртва жена кога таа одеднаш ги отворила очите. Жената сепак била жива, пишува британскиот „Дејли мејл“.

Оваа огромна грешка ја чини болницата околу 22.000 долари откако федералната истрага утврдиле дека докторите направила навистина голема „утка“.

Четириесет и едногодишната Колин С. Брнс од Северна Сиракруз, Њујорк, била примена во болница во октомври 2009-тата година поради предозирање со лекови.

Поради серија грешки во проценките, докторите верувале дека жената е починатата и почнале со процесот на донација на органите.

Истрагата на Депарментот за здравство открила дека докторите при приемот во болница не се придржувале до препорачаните процедури и не проверила дали жената примала одредени лекови, какви што таа има земено, Ксанакс, Бенадрил и лек за опуштање на мускулите. Колин ги земала токму овие апчиња со цел да си го одземе животот.

Тие исто така не провериле доволно добро да видат дали има дроги во телото и каква е мозочната активност.

Откако ја прогласиле за мртва, нејзиното семејство дало дозвола ограните на Колин да бидат донирани. Но, ден пред органите да бидат извадени, сестра која правела релакс тест открила дека Колин се уште реагира.

Медицинската сестра со прст минала по стапалото на Колина и нејзините прст се свиткале, знак дека таа се уште е жива. И, тоа бил единствениот знак на живот. Додека ја носеле кон операционата сала, ноздрите се помрднувале како да била жива и дише самостојно. Нејзините усни и јазикот исто така се поместувале. Но, докторите ги игнорирале сите овие забелешки од сестрата и одбиле да веруваат дека Колин се’ уште е жива и продолжиле со намерата да ги извадат органите.

Пред процедурата, на Колин и’ бил вбризган седативнот Ативан, но ниту седативното, ниту знаците на живот не биле забележани во докторските белешки при операцијата.

Доктор Давид Мајер, главен васкуларен хирург и доцент по клиничка хирургија на Медицинскиот колеџ во Њујорк, вели дека давањето седатив е многу чудно.

„Тоа би ја седатирало до степен да не може да реагира“, вели доктор Мајер.
„Ако има потреба да давате седативи или лекови за болка на пациентите тоа значи дека нивниот мозок не е мртов и не треба да ги вадите нивните органи“, вели докторот.

Дури кога Колин ги отворила очите во операционата сала процедурата била откажана. Ниту Колин, ниту нејзиното семејство не ја тужела болницата поради нивното лошо практицирање. Шеснаесет месеци подоцна, Колин се самоубила.

Нејзината мајка, Лусил Кус вели дека нејзината ќерка не била толку вознемирана поради инцидентот.

„Таа беше толку депримирана, што тоа неа не и’ правеше никаква разлика“, вели Кус.

Но, тоа било важно за здравствените власти, кои во целост го испитале случајот и ја казниле болницата.
(Нетпрес)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment