MKDNews.com

„Генерал Мими“ наскоро во судница

јули 23
19:05 2013

34 годишната скопјанка со прекар “генерал Мими” за која разбрал и првиот човек на Нато, Расмусен, наскоро во судница ќе проговори за измамите за кои ја товари обвинителството.Во скопскиот Кривичен суд завршила истрагата за случајот со измамите на Генерал Мими и предметот е предаден во Обвинителството, објавува Канал 5. Скопјанката Мирјана Џ, позната како Генерал Мими, беше уапсена пред десетина дена поради измама.

Според тогашните информации на полицијата, серијата од вкупно 12 измами, кои се гонат по приватна тужба, ја извршила лажно претставувајќи се дека е вработена во базата на Бонстил на силите на НАТО во Косово како координатор за логистика.

Генерал Мими на лицата што ги измамила им ветувала дека може да ги вработи во силите на НАТО како возачи, административни работници, месари, собарки, кафекуварки и во други служби, а на оштетените што имаат фирми дека доколку аплицираат во НАТО, ќе им среди да го добијат тендерот за снабдување на базата со прехранбени артикли, хемиски средства за хигиена, пијалаци и други потребни артикли.

Вкупната противправна имотна корист со која се стекнала Генерал Мими е околу 10 илјади евра. Обвинението се однесува на петмина од оштетените, пренесува Канал 5.

Во разговор со полицијата Генерал Мими во целост го појаснила начинот на кој ги вршела кривичните дела. За неа се интересирал и помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман, кој побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска побрзо расветлување на случајот со злоупотреба на името на алијансата.

Генерал Мими почетокот на судењето го чека во притвор.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.