MKDNews.com

Геј Брак:Бугарин се оженил за Американец сега чека зелена карта

јули 02
01:58 2013
Трајан Попов лево, Џулијан Марш десно

Трајан Попов лево, Џулијан Марш десно

Четириесет и едно годишниот бугарин Трајан Попов , кој е на студии во САД, и неговиот американски сопруг Џулијан Марш (55) се првиот хомосексуален пар во САД на кој ќе му биде одобрено барање за издавање зелена карта откако американскиот Врховен суд озакони бракови меѓу лица од ист пол.

Попов, кој моментно е во САД врз основа на студентска виза, нема да биде во можност да работи или да го посетува семејството во Бугарија уште најмалку шест месеци додека трае процедурата за издавање зелена карта.

Неговата венчавка за Марш, објавена лани во Њујорк, се уште не е призната на Флорида, каде што моментно живее брачниот хомосексуален пар.

По само два дена откако Врховниот суд ја донесе одлуката, Попов и Марш биле известени дека американската имиграциска служба го одобрила нивното барање за добивање зелена карта. Попов и Марш се венчале по една година откако се запознале.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.