MKDNews.com

Газдата на ТВ Пинк: Син ми во шок застанал неколку километри подолу

јули 19
19:03 2013

Александар поминувал на зелено светло и не ја видел девојката која ненадејно се појавила. Таа претрчувала на црвено. Тој ја удрил и продолжил понатаму. Застанал по неколку колометри, кога сфатил што направил. Ме повика затоа што имаше напад на паника, тврди Жељко Митровиќ сопственик на ТВ Пинк за срспки Блиц.

Дваесетгодишниот Александар Митровиќ синоќа прегази 17-годишна девојка додека управувал со теренското возило на Пинк.

-Јас во тој момент слетав на аеродромот во Белград по дводневниот одмор. Не сакам да го правдам, несакам никој погрешно да ме разбере, но штом ми се јави тој рече дека ќе се убие, дека не знае што да прави и дека сака да оди во полиција, но дека не знае каде е, ниту како да оди. Веднаш тргнав по него со адвокат и го однесов во полициска станица. Му кажав на судијата дека мојот син ја уби девојката, а тој исто така даде изјава, вели Митровиќ.

Тој додава дека неговиот син никогаш не „дивеел“ во сообраќај и дека ќе се обиде на „најчовечен“ можен начин да стапи во контакт со семејството на настраданата девојка.

Полицијата му одреди на Александар Митровиќ притвор од 48 часа. Во тек е истрагата за причините за несреќата.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment