MKDNews.com

Фризерката Дончевска: Враќав коцкарски долгови на сопругот

јули 19
17:50 2013

Голем дел од парите на измамените граѓани кои уплаќале за станови завршувале за исплаќање коцкарски долгови, скап џип глисер, билјард клуб реновирање на станови. Ова можеше да се слушне на денешното маратонско продолжение на судењето за станбената измама.

Во вториот ден од судењето за процесот што се води пред Кривичниот суд против фризерката Благица Дончевска и нејзиниот татко, првообвинетата го смени својот исказ даден пред истражен судија.

Фризерката Благица Дончевска топката ја префрли кај незиниот сопруг и посочи дека тој ги трошел парите и живеел луксузно а не таа. Во истрага сакала да го заштити сопругот но денеска прозбори за приватниот живот и се расплака. На прашањата на адвокатите негираше дека и таа се коцкала. Била неколку пати во казино но со друштво и не играла.

Призна и дека го користела презимето на татко и Ацо Велјановски за да ги увери клиентите дека претседателот на собранието и е роднина но рече дека не тврдела дека тој стои зад проектот. Не знаела дека некои од оштетените го продале кровот над глава за да купат од социјалните станови кои таа ги нудела.

Оштетените пак имаат многу поинакви верзии на приказната. Не сакаа да говорат пред камера и рекоа дека се што имаат ќе кажат во судница. Еден од нив денеска на хартија ги имаше испечатено пораките кои како што рече му ги испратила Дончевска за да му даде инструкции како и кога да плати.

30-годишната фризерка и денеска тврдеше дека очекувала дека проектот за кој ја намамил нејзиниот роднина ќе се реализира. Тврдеше дека ја користела сметката на нејзиниот татко бидејќи нејзината била блокирана и дека тој не знаел од каде и се парите иако доаѓал со неа за да ги подигнат. Тој пак рече дека таа му објаснила дека големиот прилив на пари е бидејќи имало уплати за станови но го уверувала дека се е во ред и не работи ништо против законски.

Околу 200 илјади евра од сметката биле префлени на сметки кај роднини во Струга и Охрид. Дончевска тврдеше дека вракала позајмица – нејзиниот татко пак рече дека луѓето и од него си ги барале парите кои и ги дале за станови.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment