Фрчкоски: Блокадата на комисијата е поради отсуство на политичка волја (видео)
Нацрт извештајот кој го подготви Комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември, на околу 30 тина страни со хронологија на настаните, заклучоци и препораки и врз база на мартовскиот политички договор помеѓу политичките лидери и претставниците на ЕУ, е добра, многу добра основа за конечен извештај на комисијата.
Јасно е отсуството на политичката волја да се погледне во очигледното, да се најде решение за настаните, кое сите во Македонија и нашите пријатели во ЕУ го очекуваат од нас, изјави професорот Љубомир Фрчкоски.
Но, по консултациите што беа направени околу правните квалификации за настаните во собранието на 24-ти декември и споменатите препораки – јасно е отсуството на политичката волја да се погледне во очигледното, имено, да се најде решение за настаните, кое сите во Македонија и нашите пријатели во ЕУ го очекуваат од нас.
„Станува збор за отсуство на политичка волја за клучниот елемент кој имаме мандат да го направиме, а тоа е уставноста на настаните. Тоа не доведе во ситуација претседателот на комисијата да депонира оставка на својата функција и неа да ја достави до претседателот на државата. Практично и правно со тоа Комисијата ја запира својата работа- до конечна одлука на надлежните околу оставката на претседателот на комисијата. Значи нема опции комисијата да работи без претседател затоа што таа правно е заснована како целина со еден акт во овој состав. Што значи таа запира со работа и остави можност консултациите да продолжат, поинтензивно околу само две точки, на кој начин ќе ги вметне правните квалификации кои се преземени од вордингот на експертите на ЕУ“, изјави Фрчкоски.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment