MKDNews.com

Фолклорен концерт по повод денот на Општина Илинден

јули 30
18:00 2013

Со силни аплаузи и восхит бројната публика во Домот на култура „Илинден“ ги испрати од сцената играорци и членови на ансамблот „Илинден 72“ и членовите културно уметничкото друштво „Решетари“, од Хрватска кои одржаа заеднички концерт по повод денот на Општината 2-ри Август.
Гостите во преполната сала не останаа рамнодушни на богатата програма исполнета со македонскиот и хрватскиот фолклор, кореографиите, вокалните и инструменталните изведби со кои се претставија учесниците.
Ансамблот „Илинден 72“ се формирал во далечната 1972 година кога наставничката Анче Дејановска формирала фолклорна секција во тогашниот Дом на култура. Традицијата за негување на народниот танц, оро и песна продолжила и во наредните години, а по подолга пауза ансамблот „Илинден 72“ повторно започнува со работа во 2012 година и е амбасадор на македонското фолклорно творешвтво.
Почетоците пак на културно уметничкото друштво „Решетари“ датираат од 1946 година кога младите жители на Решетари започнуваат да дејствуваат во културно-уметничките дејности. Досега имаат учествувано на многубројни манифестации и фестивали и интензивно работат на промоција на хрватската култура.
Настапот го следеа градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски, градоначалникот на Општина Решетари , Златко Ага, а меѓу многубројните гости беше и Монсињор Антун Циримотиќ. Во знак на благодарност и одлична меѓуопштинска соработка градоначалниците си разменија пригодни подароци.
[print_gllr id=13091]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.