MKDNews.com

Еве како се соблекоа новинарките на Вест (фото)

јули 05
19:00 2013

Под мотото „Не покажувај ми ги мене, покажи му ги на лекарот“, новинарките на „Вест“ се фотографираа разголени за 13-тиот роденден на весникот. Тоа го направија воедно да ја кренат и свеста кај читателите за сериозноста на ракот на дојка, кој е смртоносен за илјадници жени како низ светот, така и кај нас.

„Навремена и точна информација за тоа што е рак на дојка, на матка и на јајчници и што може секој од нас да сто­ри за рано откривање, може да го разбие баучот за болеста и да спа­си животи“, стои во текстот на „Вест“ по повод фотографијата.

Од весникот нагласија дека нивниот потег за разголување на колешките е и чин за разобличување на искривените поимања на сексуалноста и женското тело.

„Во изминативе 13 години, без страв и срам зборувавме за женската сексуал­ност и ги пробивавме стегите на пуританството и ма­лог­ра­ѓан­шти­на­та. Но, исто толку страсно и без страв ги разобличувавме и ги кри­ти­ку­вав­ме бруталните антиженски политики на сите наши влади и соб­ра­ни­ски состави“, пишува „Вест“.

Низ фотографии ви пренесуваме дел од атмосферата што постоеше за време на фотосесијата.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.