Еве како да се пријавете се за „Икс фактор“
Оваа есен во регионот ќе започне да се емитува една од најпопуларните музички емисии во светот „Икс фактор“, што ќе се прикажува во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Македонија
На официјалната Фејсбук страница : Икс фактор Адриа, неодамна беше претставена и листата на градови во кои ќе се одржат аудициите, а тоа се : Белград, Нови Сад, Ниш, Будва, Бања Лука, Сараево и Скопје.
Предаудициите во сите градови ќе траат по еден ден, освен во Белград каде што ќе траат три дена. Првата е закажана за 20-ти август во Будва, последната ќе се одржи на 2-ри септември, а потоа ќе следи снимањето на аудициите. Точните термини ќе бидат објавени наскоро.
Кандидатите кои ќе одат понатаму, од 6 септември ќе ги снимат своите аудиции во студиото на телевизијата Пинк. По аудициите, натпреварувачите се делат во четири групи: на секоја од нив им припаѓа по еден ментор, односно член од жирито. Следната рунда на натпреварување ќе биде во куќите на менторите – кандидатите кои ќе ја поминат и оваа фаза ќе продолжат и во последниот круг од „Икс фактор“, а тоа се емисиите во живо од кои секоја недела ќе испаѓа по еден натпреварувач.
Сите заинтересирани можат да испратат СМС порака на бројот 141391 со следната содржина:X_име и презиме_години_град_солист/група (цена на СМС – 41,30 денари)
Првата епизода ќе се емитува на 14 октомври, а емисиите во живо ќе започнат од 19 ноември. „Икс фактор“ во Македонија ќе се емитува на телевизијата Сител.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment