Египетската војска отвори оган на поддржувачите на Морси! (видео во живо)
Ситуацијата во Египет се’ уште е драматична. За денес е најавен голем собир за поддршка на симнатиот претседател Мохамед Морси, а војската пукала на собирот на неговите поддржувачи.
Неколку стотина поддржувачи на симнатиот претседател на Египет, Мохамед Морси, марширале денес до бараките на Републиканската гарда во Каиро, каде над нив војската отворила оган. Ројтерс јавува дека најмалку три лица го изгубиле животот.
Во споменатите бараки веќе неколку дена се наоѓа паднатиот лидер на Египет, Морси, кој државниот удар го затекнал додека бил во својата канцеларија во една од бараките.
Новите власти му ја ограничија слободата на движење, а против него е покрената и истрага, па во бараките е де факто во притвор.
Неговите следбеници се обиделе да дојдат до него и да го ослободат.
Ова е прв пат од државниот удар војската на улиците на Каиро кон демонстрантите да интервенира со оружје.
Инаку,за денес Муслиманското братство на Морси најави голем протест против военото превземање на власта во Египет.
Засега има известрување за 3 жртви
Видео во Живо подолу
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment