MKDNews.com

Египетската армија најави: Морси повеќе не е претседател

јули 03
23:30 2013

Египетската армија доцна вечерва го собори првиот демократски избран претседател Мохамед Морси, и со тоа го Суспендираа египетскиот Устав

За привремен лидер на местото на Морски е поставен првиот човек на највисокото судско тело во Египет, изјави во своето обраќање министерот за одбрана генерал Абдел Фатах ал Сиси.

– Војската ја исполни својата историска обврска да ја заштити земјата преку симнување од власт на Морски, исламскиот лидер кој е добро обучен од западните сили. Морси не успеа да ги оствари желбите на луѓето и не сакаше да ја сподели власта со своите противници кои ги преплавија улиците на Каири – изјави генералот Ал Сиси.

Десетици оклопни возила на египетската армија и армиски сили масовно се распоредени во квартовите Наср сити, Хелиополис и во близина на Универзитетот во Каиро, јавија западни медиуми.

Пред очекуваното обраќање на министерот за одбрана, египетската армија распореди и дополнителни армиски сили во други градови на државата, пренесуваат светските новински агенции.

[twitter count=”3″ user=”@MuhammadMorsi”]

(Извор: CNN)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment